Утрински Весник
Македонија

Пендаровски во Париз по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов

Пендаровски: Ако има позитивни вести на крајот од средбата Вучиќ-Курти, тоа е добро за целиот регион
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски од денеска престојува во работна посета на Франција, по повод одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Пендаровски утре во седиштето на УНЕСКО во Париз ќе се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во чест на Ацо Шопов, настан во рамки на одбележувањето на „2023 – Година во чест на Ацо Шопов“, што се реализира под покровителство на македонскиот претседател. Исто така, претседателот Пендаровски ќе присуствува на поетски перформанс и изложба во чест на Шопов.

Предвидено е претседателот Пендаровски да се сретне со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле.

Пендаровски денеска во Париз ќе го посети Националниот институт за ориентални јазици и цивилизации – ИНАЛКО, каде ќе се сретне со директорот на институтот, Жан Франсоа-Хуше, како и со Фроса Пејоска-Бушеро, шеф на Катедрата за македонски студии при ИНАЛКО и со Ѓоко Здравески, лектор по македонски јазик на институтот.

Претседателот Стево Пендаровски е покровител на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, што се одбележува со низа настани во текот на 2023 година.

Чествувањето на големиот јубилеј е во соработка со Организацијата за образование, наука и култура на ОН – УНЕСКО, којашто на иницијатива на Македонија, го поддржа и се вклучи во одбележувањето на јубилејот.

Можете да прочитате

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железничкиот тунел на Коридорот 8

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ! Во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте!

ДИК ги објави конечните резултати од вториот круг на локалните избори