Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество

Пендаровски: Ако има позитивни вести на крајот од средбата Вучиќ-Курти, тоа е добро за целиот регион
Dik 300x250 mk

Слободните медиуми се предуслов за отворено и демократско општество, каде што слободата на изразување е право и одговорност која може да ја практикува секој од нас, порача претседателот Стево Пендаровски по повод 3 мај – Меѓународниот ден на слободата на медиумите.

dobivaj vesti na viber

Претседателот во пораката вели дека меѓународниот ден на слободата на медиумите, кој годинава е посветен на слободата на изразување како двигател на сите други човекови права, го одбележуваме во услови на повеќекратните кризи кои ја окупираат нашата сегашност.

„Политичарите, власта, опозицијата, граѓанскиот сектор – сите мора да бидеме единствени и гласни во обезбедувањето на поголеми права, безбедност и услови за работа на новинарите и медиумските работници за тие да можат професионално да ја извршуваат својата одговорна задача. Да информираат навремено, точно и без цензура, ослободени од политички или бизнис притисоци“, вели Пендаровски.

Заедно со новинарите, додава тој, да се бориме и против лажните вести, бидејќи граѓаните имаат право на точни, навремени и проверени информации.

 

Можете да прочитате

Филипче: Трошоците за живот растат без контрола а владата не презема ништо

Итно да се укине мерката за евтаназија на кучиња со лајшманиоза

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ сака да ја врати Македонија во времето на страв и уцени