Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се откажа од државна плата ќе заработува како професор, а ќе отвори канцеларија за тројца соработници од кабинетот

Interv U Faktor.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Петтиот претседател од осамостојувањето на Македонија, Стево Пендаровски по завршениот петгодишен мандат нема да им се придружи на своите претходници кои ја извршуваа највисоката државна функција, Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов, да ги користи бенефициите кои му следуваат според закон. Пендаровски по завршувањето на претседателските избори во кои не ја доби довербата за уште еден мандат, соопшти дека се враќа на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје и дека нема да ја користи државна пензија. Ова ветување Пендаровски потсети дека го дал уште кога пред пет години беше избран за шеф на македонската држава дека нема да ги користи државните привилегии и дел од правата како поранешен претседател. Имајќи предвид дека како поранешен претседател ќе има и определени обврски и активности кон државата, тој побарал повремено да користи канцеларија, но таква законска основа не постои. Затоа, тој најави дека „во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во неговиот претседателски кабинет ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател“. Станува збор за потребата од административна и логистичка поддршка која му е потребна за средби со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции. Што се однесува до личното обезбедување кое му следува, тоа ќе биде организирано според проценките на соодветните служби. Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство Пендаровски би можел да користи низа бенефиции. Пензијата, без оглед на возраста, би изнесувала колку и платата на актуелен претседател на Македонија. Како поранешен шеф на државата има право на канцелариски простор со најмногу до тројца стручни соработници, право на лично обезбедување, како и право на користење на службено возило и возач.

Можете да прочитате

Уапсен скопјанец баран со потерница

Фрчковски : Програма 300 дел од новата сила на СДСМ

Тошковски за „Сејф сити“: На Клиниката за трауматологија помалку пациенти со тешки телесни повреди