Утрински Весник
Македонија

Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет

Пендаровски се обрати на годишниот Амбасадорски совет

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку видео-врска се обрати пред амбасадорите и шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, во рамки на годишниот Амбасадорски совет, кој се одржува во организација на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Пендаровски во своето обраќање направи кус осврт на состојбите на внатрешно-политички план оваа година, посочувајќи на економските предизвици и енергетската криза, како и борбата против корупцијата.

Во контекст на надворешно-политичките аспекти, претседателот говореше за почетокот на преговорите со ЕУ, обидите за враќање на довербата во евроинтеграцијата и зголемување на поддршката за членство во Унијата, како и за натамошните чекори во преговорите.

Претседателот се осврна и на војната во Украина и ситуацијата во регионот од безбедносен аспект при што го нагласи позиционирањето на Северна Македонија во поширокиот регион и засилениот фокус на Европската Унија кон регионот.
Претседателот говореше и за претстојното македонско претседавање со ОБСЕ, како и потребата од зајакнување на билатералните соработки со земјите во кои се акредитирани шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва.

Можете да прочитате

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов

Тошковски: Драстично е намален бројот на жртви во сообраќајки откако почна пробниот период на „Безбеден град” во Скопје