Утрински Весник
Македонија

Пендаровски присуствуваше на Отворениот ден на Армијата во Скопје

Foto 4 1.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски денеска присуствуваше на Отворениот ден на Армијата, што како дел од активностите по повод 4-годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата, го организираа Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.

На отворениот ден беа изложени дел од воената опрема, технологија и возилата на Армијата, вклучувајќи ги и новите JLTV оклопни возила, а свој настап имаше и воениот оркестар. Припадниците на армијата ги прикажаа нивните алпинистичките вештини и беше изведена показна вежба со армиските кучиња.

Претседателот Пендаровски посочи дека ова е одлична можност граѓаните непосредно да се запознаат со најновата опрема и возила со кои располага нашата Армија.  

Тој им честиташе на армиските припадници за професионалноста и изрази поддршка на континуираното опремување и модернизација на вооружените сили, додавајќи дека подготвеноста и ефикасноста на армијата е од клучно значење за сигурноста и безбедноста на граѓаните. 

Можете да прочитате

Една жена е во болница поради вдишување на чад од пожарот во Труберево – Тројца пациенти се испратени на домашно лекување

Димитријевиќ: Граѓаните ќе го препознаат концептот на СДСМ на изборите, ВМРО-ДПМНЕ ја губи довербата

Мицкоски за пожарите: Владата е нападната од домашни и странски центри на моќ