Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Прифаќам дебата со сите седум кандидати, нека дојде и Мицкоски како осми, шпицен кандидат

Kavadarci 3.jpg

Како кандидат за претседател во секое време прифаќам да има политички дебати со моите противкандидати, но како што се изјаснив пред почетокот на кампањата, инсистирам во дебатите да бидат вклучени сите седум претседателски кандидати потврдени од Државната изборна комисија.

Токму затоа, прв предложив да се одржат 2 големи, т.н. мастер дебати, една на почетокот на кампањата и една пред првиот круг на гласање. Дебатите беше планирано да се реализираат на неутрален терен, а пренос од истите да вршат сите национални телевизии. На дебатите седумтемина кандидати ќе имаа подеднакви услови да ја презентираат својата програма за работа.

Досега, во поканите кои ги добивме од медиумите за учество на тв дебата, немав добиено информација дека сите седум кандидати ќе бидат учесници на некоја од предвидените дебати. 

Можете да прочитате

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел