Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Пендаровски на Парискиот мировен форум се сретна со претседателите на Естонија и Романија

Пендаровски на Парискиот мировен форум се сретна со претседателите на Естонија и Романија
Img 7972

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на 5. издание на Парискиот мировен форум се сретна естонскиот претседател, Алар Карис и со романскиот колега Клаус Јоханис.

dobivaj vesti na viber

На средбата со Карис беа потврдени пријателството и соработката помеѓу Северна Македонија и Естонија и беше нагласено дека постои добро ниво на политички дијалог меѓу двете држави. Пендаровски, посочувајќи дека Естонија е наш долгогодишен партнер во ОН, ЕУ, НАТО и ОБСЕ, истакна дека Северна Македонија високо ја цени естонската силна и гласна поддршка за македонската европска интеграција, како и соработката на меѓународните форуми.

Пендаровски изрази задоволство од досегашната соработка во областа на дигитализацијата и го изрази интересот да го имплементираме естонското искуство во оваа област.

На средбата се разговараше и за геополитичката ситуација, во контекст на војната во Украина, со осврт на состојбите и безбедносните импликации врз балтичките и балканските држави, при што двајцата претседатели ја поздравија одличната соработка во рамки на НАТО.

На состаноокт со претседателот на Романија, Клаус Јоханис се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Романија, што се карактеризираат со конструктивен и отворен политички дијалог, базирани на пријателство и меѓусебна почит.

Двајцата претседатели разговараа за европската перспектива и за актуелностите во процесот на македонската евроинтеграција. Претседателот Пендаровски упати благодарност за романската поддршка и истакна дека Северна Македонија останува посветена на европскиот пат и остварувањето на стратешката цел – членство во Европската Унија.

Двајцата претседатели разговараа и за случувањата во регионот во однос на руската инвазија врз Украина, како и влијанијата врз поширокото соседство, при што истакнаа дека двете држави, како членки на НАТО, демонстрираат единство и меѓусебна соработка.

Можете да прочитате

НАЈАВА ЗА МНОГУ ЛАДНО УТРО: Ќе има минус и мраз!

Групна тепачка во Карпош – еден приведен

Уапсен 29-годишен крадец од Неготино, доби неколку кривични пријави за серија кражби