Утрински Весник
Македонија

Пендаровски контра Заев: Амбасадорите имаат право да ги штитат бизнисите на нивните граѓани

Пендаровски контра Заев: Амбасадорите имаат право да ги штитат бизнисите на нивните граѓани

Амбасадорите имаат право да ги штитат приватните бизнисите на своите граѓани, смета претседателот Стево Пендаровски.

dobivaj vesti na viber

Тој ги коментираше вчерашните најави на експремиерот Зоран Заев дека ќе го тужи австрискиот амбасадор Георг Вуцас кој претходно побара да се сменат судии и обвинители во случај со фирма поврзана со роднина на Заев.

Пендаровски вели дека и нашите амбасадори кои ја претставуваат нашата држава во странство имаат обврска да ги штитат интересите и на приватните бизниси на нашите граѓани во странство, а не само на институциите.

„Го следам случајот и слушнав коментари дека австрискиот амбасадор наводно се меша во нашите внатрешни работи. Но, тука не станува збор за никакво мешање во нашите внатрешни работи, оти секој амбасадор има легитимно право и обврска да си ги штити интересите на својата земја. Вчера видовме реакција и од поранешниот премиер Зоран Заев кој упати на институционална разврска, па очекувам македонските институции да утврдат дали навистина имало непочитување на меѓународна арбитража“, рече Пендаровски.

Вчера поранешниот премиер, Зоран Заев порача дека ќе го тужи австрискиот амбасадор ако уште еднаш го спомене неговото име во негативна конотација.

Неговата реакција доаѓа по соопштението што го испрати австриската амбасада до медиумите во кое бара смена на судии и обвинители кои постапувале во спор меѓу австриска и валандовска компанија и обвинува дека Австријците не може да наплатат долг од 4,5 милиони евра иако имало пресуда на Меѓународниот арбитражен суд во Виена.

Можете да прочитате

Една иста мафија на смртта тргува со животите на најтешко болните пациенти, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Мерко денеска цел ден во судница – закажани четири судења против струшкиот градоначалник

МОН со честитка за Меѓународниот ден на образованието: Да создадеме здрав и квалитетен воспитно-образовен систем