Утрински Весник
Македонија

Пендаровски и Кабинетот нема да земат плата во законскиот рок, решение за исплата со покачување за административците е најдено

Пендаровски и Кабинетот нема да земат плата во законскиот рок, решение за исплата со покачување за административците е најдено

Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет, нема да земат плата во законски утврдениот период, до 15-ти во месецот. По низа преговарања со Министерството за финансии да се реши проблемот, а административците во неговиот кабинет да добијат плата со покачување обезбедена од сопствени заштеди – најдено е решение.

dobivaj vesti na viber

„ Платите ќе бидат исплатени во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 % за административните службеници во Кабинетот. Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Претходно, Министерството за финансии вети дека ќе ја исплатат платата до 15-ти во месецот, рок кој сега го пробиваат. Освен претседателот, плата немаат земено ниту 63 вработени.

Можете да прочитате

Исмаил: По труењето на над 1.000 гостиварци, време е да се признае колку државата назадува од Југославија наваму

Скопјани тргнаа на викенд – застој и колони на патарините

Мазутот бил со соодветен квалитет, потврдува вештачењето нарачано од ОЈО ГОКК за предметот „Мазут“