Утрински Весник
Македонија

Пендаровски и Кабинетот нема да земат плата во законскиот рок, решение за исплата со покачување за административците е најдено

Пендаровски и Кабинетот нема да земат плата во законскиот рок, решение за исплата со покачување за административците е најдено

Претседателот Стево Пендаровски и неговиот Кабинет, нема да земат плата во законски утврдениот период, до 15-ти во месецот. По низа преговарања со Министерството за финансии да се реши проблемот, а административците во неговиот кабинет да добијат плата со покачување обезбедена од сопствени заштеди – најдено е решение.

dobivaj vesti na viber

„ Платите ќе бидат исплатени во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 % за административните службеници во Кабинетот. Постигнатото решение предвидува внатрешна прераспределба на средства во рамките на постоечкиот и одобрен буџет за 2023 година за Кабинетот. Со ова решение целосно се почитува Колективниот договор, а уште еднаш повторуваме дека претседателот, именуваните лица и посебните советници не добиваат покачување на плати“, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Претходно, Министерството за финансии вети дека ќе ја исплатат платата до 15-ти во месецот, рок кој сега го пробиваат. Освен претседателот, плата немаат земено ниту 63 вработени.

Можете да прочитате

Во јуни најмногу странски туристи од Турција

„Јон Вардар против Галаксијата“ на Цветановски со азиска премиера во Манила

ДКСК со укажувања за законските одредби поврзани со Локалните избори 2025