Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик

Foto 1 2.jpeg

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за употребата на македонскиот јазик, што во петокот го донесе Собранието на Република Северна Македонија.

Донесениот закон ќе придонесе за подигање на јазичната култура, негување и заштита на македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо, за афирмирање на потребата од зголемена општествена и индивидуална грижа за правилна употреба на македонскиот јазик во јавната и во службената комуникација како и за почитување и унапредување на јазичниот стандард.

Претседателот Пендаровски очекува дека примената на законот ќе придонесе за надминување на алармантните состојби во врска со неправилната употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, и за зголемена, организирана и системска грижа на државата за неговата правилна употреба.

Можете да прочитате

Почнуваат нови обилни дождови, снег на планините и можни нови поплавувања

Муцунски во Белград на работна средба со министрите за надворешни работи на Централноевропската иницијатива

Левица: Власта повторно го одби амандманот на Левица за изградба на домови за стари лица