Утрински Весник
Економија

Пендаровски – Азески: За стабилен економски амбиент, неопходно е решавање на сивата економија и корупцијата

Пендаровски – Азески: За стабилен економски амбиент, неопходно е решавање на сивата економија и корупцијата

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот на Комората, Бранко Азески, и претставници од Асоцијацијата во Стопанската комора на Северна Македонија, ТИМ-40.

dobivaj vesti na viber

На средбата се разговараше за актуелните општествено-политички случувања во земјата и нивните влијанија врз економскиот амбиент, како и за заштита на интересите на бизнис-заедницата.

Пендаровски на средбата беше информиран за иницијативата за потпишување декларација за економски реформи, политики и мерки, која е поттикната од бавниот реален раст на македонската економија, кој од периодот од 1993 до 2021 година просечно годишно изнесува само 1,7 %.

Според претставниците на Комората, постојат пет приоритетни области во нашата држава потенцирајќи дека за создавање стабилен и предвидлив економски амбиент неопходно е решавање на сивата економија, корупцијата, гасификацијата, решавањето на проблемите со извозните компании, издавањето на дозволите за градба и регулирање на статусот на интернет-порталите.

Пендаровски ја поддржа иницијативата и ги поздрави напорите на бизнис-заедницата со цел поттикнување нови инвестиции, нови работни места и долгорочен одржлив економски раст и развој на земјата.

Во разговорите беше констатирано дека за унапредување на севкупните економски односи на државата потребно е решавање на сите отворени прашања преку дијалог и меѓусебна соработка.

Можете да прочитате

Државата објави нова граѓанска обврзница но со намалена камата од претходно

Мицкоски: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните, ќе продолжиме со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Продуктоводот за нафтени деривати се очекува да биде ставен во функција оваа година, најави Мицкоски