Утрински Весник
Спорт

Деклан Рајс потпишува за Арсенал за 122 милиони евра

Деклан Рајс потпишува за Арсенал за 122 милиони евра

Деклан Рајс денеска ќе потпише за Арсенал и со тоа ќе го комплетира најголемиот трансфер на англиски фудбалер во историјата на Премиерлигата, објавија медиумите на Островот.

dobivaj vesti na viber

Арсенал за одличниот 24-годишен играч за врска ќе плати 122 милиони евра, а трансферот може да се зголеми на 140 милиони евра доколку се реализираат сите бонуси.

Најскапиот премиерлигашки играч во историјата и понатаму е Фелипе Кутињо, за кого Барселона во 2017 година на Ливерпул му плати 135 милиони евра. Деклан Рајс ќе стане вториот најскап играч во историјата на Премиерлигата и ќе го надмине Енцо Фернандез, за кого Челси плати 121 милион евра на Бенфика.

Рајс треба веднаш да се приклучи на тимот на Арсенал кој ќе патува во Америка в недела за да игра против ол-стар тимовите на МЛС лигата, како и против Манчестер Јунајтед и против Барселона.

Можете да прочитате

Чави демантира проблеми со раководството на Барса и најавува дека останува тренер и идната сезона

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Минесота му го нанесе најтешкиот пораз на Денвер во историјата на франшизата