Утрински Весник
Македонија

ПЕКОЛНОТО ЖЕШКО ЛЕТО ПРОДОЛЖУВА И ВО АВГУСТ: Претстојниот месец потопол и посув од вообичаеното

20170511124352.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Како што и претходно кажав, во претстојниот месец (Август) повторно очекуваме многу топло време  и натпросечно високи температури на воздухот. Тоа значи дека оваа година месец Август ќе биде потопол за 1 до 2 степени, а врнежите ќе бидат потпросечни, односно претстојниот месец ќе биде посув од вообичаеното.

Овој топол бран кој ја зафати нашата територија, во следните денови ќе зема замав и температури на воздухот насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 40 степени. Сепак, во следниот период во атмосферата ќе ни биде присутна  и Сахарската прашина  и песок, па така времето ќе биде мачно и спарно а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

Само за време на викендот ќе имаме краткотрајна дестабилизација на времето, кога ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме.

Ув индексот и во следните денови ќе има многу висока вредност  и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините