Утрински Весник
Свет

Пекол во Дубаи: Денеска измерени 50,4 степени

Tury v dubaj3.jpg

Обединетите Арапски Емирати објавија дека денеска регистрирале рекордна мајска температура од 50,4 степени Целзиусови, што не е забележано во изминатите две децении во таа земја.

„Највисоката температура регистрирана во земјата денеска е 50,4 степени Целзиусови во Ал Шавамех“ во емиратот Абу Даби, објави Националниот центар за метеорологија на социјалната мрежа „Х“.


„Ова е највисоката температура некогаш забележана (во мај) откако започнаа евиденциите во 2003 година“.

Минатиот месец, пустинската земја доживеа невообичаено топло време – со рекордна просечна максимална температура од 42,6 степени Целзиусови, што ги натера властите да издадат препораки за населението да избегнува активности на отворено во најжешките часови од денот.

На 27 април, термометрите покажаа 46,6 степени – втора највисока температура некогаш забележана во земјата во април, по рекордните 46,9 степени во април 2012 година.

Можете да прочитате

Цените на европскиот гас нагло пораснаа на највисоко ниво од 2022 година

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница

Израелскиот министер за култура се закани дека ќе им го одземе државјанството на режисерите на филмот „НАЗА“ за Газа