Утрински Весник
Свет

Пекинг предупредува: Во нуклеарна војна нема победник

20240301152145 big 730x400 8.webp.webp

Во нуклеарна војна нема да има победник, затоа Кина ги повикува сите земји да ја задржат својата присебност, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, коментирајќи ја вчерашната изјава на рускиот претседател Владимир Путин дека опасните акции и изјави на Западот се закануваат со конфликт со употреба на нуклеарно оружје и уништување на цивилизацијата.

„Во јануари 2022 година, лидерите на пет држави со нуклеарно оружје објавија заедничка изјава во која наведоа дека нуклеарната војна не може да се добие и дека не може да се почне“, рече Мао Нинг на брифингот.

Според неа, во сегашната ситуација сите земји мора да работат заедно за да ја ублажат ситуацијата и да ги намалат стратешките ризици.

„Ги повикуваме сите страни да покажат воздржаност и да изградат избалансирана, ефективна и одржлива европска безбедносна архитектура преку дијалог и консултации“, заклучи портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи.

Можете да прочитате

Осум лица загинаа во пад на хеликоптер во Индонезија

Цените на нафтата паѓаат по примирјето меѓу Израел и Либан и најавата на Трамп за можен крај на војната во Иран

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години