Утрински Весник
Македонија

Пецаков прогласи победа во првиот круг и втор градоначалнички мандат во Охрид

20251019205735 big 730x400 6.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, вечерва прогласи победа на денешните избори и втор негов мандат како прв човек на локалната самоуправа.

Пецаков пред медиумите рече дека според податоците со кои располага партијата ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за историска победа со предност од повеќе од десет илјади гласа пред противкандидатот од СДСМ, како втор кандидат според добиените гласови.


Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата рече дека и резултатите за советничките листи го следат резултатот за градоначалник, односно предност некаде 3,4 наспроти еден во однос на СДСМ, но оти за бројот советници во идниот општински состав ќе треба да се почека на конечните резултати.

– Им благодарам уште еднаш на охриѓани на историската, би рекол референдумска поддршка што ми ја дадоа. Начинот и динамиката на спроведените проекти изминатите четири години сега ќе бидат уште на повисоко ниво…Секако дека тука се капиталните проекти кои се започнати, како катната гаража и Плоштадот кај Чинарот кои се тендерски завршени, ќе бидат првите што ќе почнат со градба во наредниот период, а нормално динамиката на работа и поддршката на сите сектори ќе продолжи без исклучок, рече Пецаков.

Тој рече му е драго што граѓаните на Охрид го препознале воведениот начин на работа, но оти тоа му претставува обврска повеќе да ја следи таквата насока и одговорност да ја оправда довербата.

Можете да прочитате

Викендов од североисток нагло ќе продре многу ладен воздух

Зимзоленд вечерва затворен за посетители по интервенција на МВР и Општина Аеродром

ДУИ избра нови претседатели на ограноци и партиски функции