Утрински Весник
Македонија

Пецаков: Има поплавени домови, дворови, штетата е огромна на земјоделските култури

Пецаков: Има поплавени домови, дворови, штетата е огромна на земјоделските култури

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, објави дека одредени улици се блокирани, поплавени се домови, има штети. Тој го свикал и кризниот штаб на Општина Охрид поради невремето што денес го зафати градот.

dobivaj vesti na viber

„Од првичните информации со кои располагаме, отежнат е сообраќај на одредени улици поради обилните врнежи и големата вода која се уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое траеше повеќе од половина час беше проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев“, вели Пецаков.

Сите пумпи за исцрпување на вода со кои располага општината се ставени на располагање на Територијалната противпожарна единица Охрид, каде во најголем дел се пријавуваат поплавите.

„Вршиме напори со соседните општини за набавка на дополнителен број пумпи, иако колекторот е ставен стопроцентно во функција и во најголем дел од критичните места ќе се исцеди надојдената вода. Проблем има на пресекот помеѓу АСНОМ и булеварот Туристичка, со струјата која ги знабдува пумпите од колекторот, но се решава. Проблем има и во планинските села каде има наноси од земја. Се надеваме дека до вечер ќе успееме да го нормализираме сообраќајот насекаде. Екипите на општинските Јавни претпријатија остануваат во полна готовност доколку произлезе потреба за брза реакција“, додава Пецаков.

Можете да прочитате

Не сакам да бидам маша во сценарио за изборен пораз – Костадинов нема да се кандидира како независен за Струмица

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи и за македонската дијаспора, соопшти МВР

Стефан Лазаров за скандалозниот предлог данок на Мицкоски: Со вакви услови за живот само ќе ги натерате младите кои не се во брак побрзо да си заминат од Македонија