Утрински Весник
Економија

Пазарната инспекција ја соопшти висината на казните на кванташки

Пазарната инспекција ја соопшти висината на казните на кванташки

Пазарната инспекција ја соопшти попладнево висината на казните што беа изречени при вчерашната контрола на Кванташки пазар, каде што беше запленета стока од 15 тони.

dobivaj vesti na viber

Со глоби во вредност од над 580.000 денари казнети се трговците што не воделе евиденција при надзор на Кванташкиот пазар.

Затекнати се и физички лица што вршеле нерегистрирана дејност, односно вршеле трговија на мало, за што се издадени прекршочни платни налози во вредност од над 30.000 денари и им е издадена забрана за вршење дејност во рок од 30 дена.

За оние трговци што не го пријавиле исполнувањето на минимално техничките услови, издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 18.000 денари. Според Законот за метрологијата, издадени се прекршочни платни налози во вредност од над 12.000 денари за неверифицирана вага.

Имало и трговци што ја прекршиле одлуката за определување обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества одделни стоки за што се издадени прекршочни платни налози од над 200.000 денари.

Издаден е и прекршочен платен налог во вредност од 120.000 денари за организаторот, мал субјект, правно лице на Кванташки пазар, кој го прекршил член 14 став 2 од Законот за трговијата, што е казниво по член 58 став 1 од истиот закон и за одговорното лице во правното лице е издаден платен налог во вредност од 6.000 денари.

„По завршувањето на акцијата, запленетите стоки, овошје и зеленчук, беа предадени во Агенцијата за одземен имот, а во заеднички договор со директорот на Агенцијата запленетите стоки ги дониравме, односно ги распределивме онаму каде што е најнеопходно. Ова е само почеток на ваквите акции, а ќе следуваат и поригорозни во наредниот период. Никој не е над законот и не смее да ги заобиколува законите ниту, пак, да манипулира со граѓаните“, рече претходно денес директорот на Пазарната инспекција, Горан Трајковски, на заедничката прес-конференција со министерот Крешник Бектеши.

Трајковски апелира оние што се казнети да си ги платат налозите, но секако може и своето право да си го бараат на суд доколку имаат забелешка во однос на изречените казни.

Можете да прочитате

Се подготвува новогодишната кошничка: Околу 600 производи еден месец ќе бидат по намалена цена

Годишен раст на зелените кредити од 7,4 % заклучно со септември 2024 година

Конференција „Управување со недостигот на работна сила во одредени занимања во Северна Македонија“