Утрински Весник
Свет

Патроли по должината на брегот на заливот на Флорида поради ајкули: издадени предупредувања до капачите

Screenshot 2024 06 10 092425.jpg

Полицијата, пожарникарската служба и персоналот на агенцијата за диви животни патролираат со чамци долж брегот на заливот на Флорида овој викенд и ги предупредуваат капачите за ајкули откако една жена и две тинејџерки беа повредени во два одвоени напади на ајкула во петокот.

Поради напади на ајкули, неколку плажи во Флорида во петокот беа привремено затворени за капачите, а плажите беа повторно отворени денеска и беа поставени знамиња со предупредување за голема опасност, пренесе АП.

Двата напади на ајкула во петокот се случија во округот Волтон.

Првиот напад се случил во петокот попладне кога една жена била касната од ајкула во близина на плажата Вотер Саунд и се здобила со сериозни повреди на колкот и долниот дел од левата рака и била пренесена во траума центар, соопштија властите.

Помалку од два часа подоцна, пожарникарите се упатија кон друга плажа на околу 6,5 километри источно од првиот напад „по повеќекратните извештаи за еден тинејџер кој се здобил со повреди во напад на ајкула“, соопшти канцеларијата на шерифот.

Две тинејџерки биле во водата кога биле нападнати, едната се здобила со полесна повреда на стапалото, додека другата се здобила со посериозни повреди на екстремитетите.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење