Утрински Весник
Свет

Патријархот на Украинската православна црква, Филарет почина на 97 години

20260320140000 big 730x400 68.webp.webp

Патријархот на Украинската православна црква Филарет, познат и како Михајло Антонович Денисенко, почина денеска на 97-годишна возраст, објави на Фејсбук митрополитот Киевски и на цела Украина, Епифаниј, пренесе Укринформ.

„Денес во моето срце, како и во срцата на многу Украинци, има длабока тага и жалење, бидејќи денеска заврши земниот пат на Неговата Светост Патријархот Филарет. Ја повикувам сеукраинската конгрегација да упати молитви за упокојување на душата на починатиот патријарх Филарет, кој денеска се упокои кај Господ“, напиша поглаварот на Православната црква на Украина.


Тој истакна дека молитвата и споменот за Филарет засекогаш ќе останат во локалната автокефална Православната црква на Украина.

„Секогаш ќе ги паметиме упатствата на патријархот Филарет за важноста на зачувувањето на единството на Украинската црква околу Киевскиот престол. Исто така, ќе ги паметиме и ќе ги исполнуваме неговите поуки и упатства за важноста на соборноста, за смирението пред волјата Божја и волјата на полнотата на Црквата, за посветеното служење на Бога, Христовата Црква и украинскиот народ“, истакна поглаварот на Православната црква на Украина.

Како што претходно објави Укринформ, на 9 март, патријархот на Православната црква на Украина, Филарет беше хоспитализиран поради влошување на неговата здравствена состојба. 

Можете да прочитате

Барел нафта во Дубаи на рекордни 166 долари

Полицијата во Абу Даби соопшти дека уапсила 109 лица за ширење лажни информации за војната на Блискиот Исток

САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина