Утрински Весник
Македонија

Патник од Австралија слетал во Македонија со часовници вредни 240.862 денари

Aerodrom Skopje.jpg
Dik 300x250 mk

Царинските службеници на скопскиот аеродром вчера запленија осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари.

Часовниците се откриени кај македонски државјанин кој слетал со лет од Австралија.

Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite.

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива.

Можете да прочитате

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана