Утрински Весник
Свет

Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Патниците наскоро ќе можат да ги користат сите опции на своите телефони во авионите

Патниците во авионите во ЕУ наскоро ќе можат да користат мобилни телефони за време на летот без да го вклучат „режимот на летање“, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Европската комисија одлучи дека авиокомпаниите ќе можат да обезбедуваат услуги за „5Г“ технологија во авионите.

Ова би можело да значи дека од патниците повеќе нема да се бара да го менуваат режимот на работа на телефонот, иако сè уште не е јасно како ќе се спроведе одлуката.

Крајниот рок за членките на ЕУ да обезбедат опсег на фреквенција „5Г“ за авионите е 30 јуни 2023 година.

Новата одлука значи и дека патниците ќе можат да остваруваат повици за време на летот, како и да користат апликации за емитување музика и видеа.

Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон рече дека новиот план „ќе овозможи иновативни услуги за луѓето“ и ќе им помогне на европските компании да растат.

„Небото повеќе не е граница кога се во прашање можностите што ги нуди брзата конекција на голем капацитет“, рече Бретон.

Можете да прочитате

Претреси кај поранешниот норвешки премиер Јагланд поради истрага поврзана со Епштајн

Иранскиот претседател повикува на заздравување по протестите во кои загинаа илјадници луѓе

Почна штрајкот на пилотите и кабинскиот персонал на „Луфтханза“, откажани стотици летови