Утрински Весник
Македонија

Патничко возило со американски ознаки излетало од патот кај Кичево – едно лице тешко повредено

Brza pomos.jpg

На 07.12.2025 околу 03:00 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај кичевското селоТрапчин Дол, патничко возило „волво” со американски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(32) од Кичево, излеталo од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.З.(25) од Кичево, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицински центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

Можете да прочитате

СДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот

Сончеви периоди претпладне, дожд навечер: Денеска промена на времето

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните