Утрински Весник
Македонија

Патиштата низ Македонија во хаос

Img 1314.jpeg

Силните снежни врнежи создадоа вистински хаос низ патиштата во Македонија. Иако „Македонија пат“ ангажира дополнителни трети лица за расчистување на снегот, механизацијата на терен не е видлива во доволна мера.

Непроодни патишта се забележани низ целата држава, а најголеми проблеми има на автопатите и главните патни правци. Според извори, застој е предизвикан и на патарината Велес – Скопје, каде што возачите се принудени да чекаат со часови.


Граѓаните се жалат на неисчистени коловози во многу градови и рурални средини, а сообраќајот е отежнат и небезбеден.

Се најавуваат дека ќе ги засилат напорите за расчистување на патиштата и апелираат до граѓаните да избегнуваат непотребни патувања додека не се подобри состојбата на теренот.

Можете да прочитате

Средба на Тошковски со новоименуваниот италијански амбасадор, Паоло Палминтиери

(Видео) Темелковски за 24инфо: Ги демантирам измислиците дека сум починат

Одреден 30дневен притвор за Пеце Мирчески