Утрински Весник
Спорт

Патики на Џордан продадени за рекордна сума

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Патиките кои легендарниот Мајкл Џордан ги носеше за време на неговото последно финале во НБА со Чикаго Булс во 1998 година се продадени за рекордни 2,2 милиони долари, објави аукциската куќа Сотби.

Ова се „најскапите спортски патики продадени досега“, се вели во соопштението на Соби.

Џордан уште еднаш го потврди дека е „Крал на аукциите“, бидејќи го собори сопствениот рекорд за патики (1,4 милиони долари во 2021 година). Исто така, неговиот дрес беше продаден за рекордни 10,1 милиони долари во септември 2022 година.

Џордан, патиките кои беа продадени на акуцијата, ги носеше на вториот натпревар од финалето на НБА во 1998 година против Јута Џез.

Биковите го добија тој натпревар со 93:88, предводени од Џордан кој постигна 37 поени, додека финалната серија ја добија со 4:2.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина