Утрински Весник
Економија

Партнерство со Lidl: Катализатор за стандардизација и раст на македонските производители

Foto 2 lidl poseta vo radovish.jpg

Од фабриките во Радовиш до полиците на Lidl во неколку европски земји – за македонските производители се отвора нова ера на конкурентност. За време на неодамнешната посета на германската амбасадорка, Н.Е. Петра Дрекслер, на производствените капацитети на „Млекарница Ѓоргиеви“ и „Бестфуд ТИ“ во Радовиш, се дискутираше за придобивките од партнерството со Lidl како мост кон европските пазари.

„Бестфуд ТИ“ соработува со Lidl од 2023 година и веќе произведува производи од цвекло, пиперки и феферони за сопствената марка на Lidl, Freshona. Нивните производи досега биле пласирани во рамки на промотивните недели на македонски производи во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска. „Млекарница Ѓоргиеви“ пак наскоро започнува и со производство на млечни производи за  брендот Pilos. Сопствените марки се во основата на бизнис моделот на Lidl и алатка за гарантирање на висок квалитет и пристапни цени. Нивното производство подразбира високи стандарди за квалитет и безбедност, соодветни сертификати и редовни независни проверки. Контролата го опфаќа целиот процес, од суровините и условите во производството, до завршната проверка на финалниот артикл.

Стефан Георгиев, комерцијален директор во Лидл Северна Македонија, објасни што всушност претставува овој модел на соработка. „Кога домашна компанија почнува да произведува за сопствена марка на Lidl, влегува во систем со високи барања за квалитет, безбедност и следливост. Исполнувањето на тие критериуми бара инвестиции и унапредување, но ги прави компаниите поконкурентни и подобро подготвени за европските пазари. Затоа соработката со локалните производители ја гледаме како можност за долгорочен развој и нови извозни можности. Со ефикасен синџир на снабдување и соработка со домашните компании, можеме да понудиме производи со висок квалитет по достапни цени, а истовремено да го поттикнеме локалното производство и извозот“, вели Георгиев.

Германската амбасадорка во земјава, Н.Е. Петра Дрекслер, при посетата на производствените капацитети во Радовиш, истакна дека исполнувањето на високите европски стандарди е клучен двигател за развој на домашните компании. „За македонските производители, соработката со големите трговски ланци претставува директен мост кон европскиот пазар. Применувањето на овие стандарди не е само услов за партнерство, туку механизам што на домашните бизниси им ги отвора вратите за долгорочна конкурентност на европската економска мапа – клучен чекор кон членството во ЕУ“ изјави амбасадорката Дрекслер. 

Крсте Ѓоргиев, управител на „Бестфуд ТИ“, вели дека работењето пред и по почетокот на соработката со Lidl значително се разликува. Барањата на компанијата, особено во однос на IFS сертификатот за безбедност, поттикнаа надградување на деловните модели и сериозни инвестиции: „Соработката со Lidl беше силен мотив дополнително да го унапредиме нашето производство. За да ги исполниме строгите стандарди, инвестиравме во нова опрема, технологија и системи за контрола на квалитетот. Ова усогласување не само што ги подигна нашите критериуми, туку нè направи поконкурентeн и стабилен партнер, подготвен за кој било европски пазар“, изјави Ѓоргиев.

Адриана Панева, директор на „Млекарница Ѓоргиеви“ изјави дека млекарницата продолжува со инвестиции во нова опрема за автоматизација на производството. „Стандардите на Lidl ги вградивме во секој дел од процесот – од откупот на сурово овчко и козјо млеко од локалните фарми, преку производството, до финалната контрола. Стартот на производството за брендот Pilos е значаен чекор за нашата млекарница и за нашите кооперанти“, изјави Панева.

Од двете компании истакнуваат дека соработката со Lidl расте и напредува, а зголемениот обем на производство и извозот преку синџирот на Lidl маркетите се потврда за квалитетот на домашното производство. Посетата на амбасадорката ја сметаат за признание за досегашните напори и за довербата што меѓународните партнери ја имаат во капацитетите на двете компании. „Бестфуд ТИ“ и „Млекарница Ѓоргиеви“ продолжуваат со инвестиции во модернизација и автоматизација на производството, со цел да одговорат на растечката побарувачка – како на домашниот, така и на извозните пазари.

Lidl досега има инвестирано повеќе од 200 милиони евра во развој на современа инфраструктура во земјата. Во 2025 година, извозот на македонски производи преку мрежата на Lidl достигна 15,5 милиони евра, потврдувајќи го потенцијалот на домашните производители.

Како дел од Schwarz Group, еден од водечките европски трговци со храна, компанијата управува со околу 12.900 маркети во 31 држава. Наскоро се очекува Lidl да ги отвори своите врати низ Македонија, овозможувајќи им на домашните потрошувачи пристап до својата квалитетна понуда по достапни цени.

Можете да прочитате

МЕРМС го одбележа Денот на рударите: Почит кон трудот денес, визија за модерно рударство утре

СДСМ бара намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5% и намалување акцизите за 50%

Левица: Наместо да се купат вакцини се чека донација која не се знае дали и кога ќе пристигне