Утрински Весник
Спорт

Партизан загуби добиен меч во Болоња

449242 Virp1 F.jpg

Српските кошаркарски евролигаши, лутите белградски ривали Црвена звезда и Партизан се поразени во вечерашните натпреаври од 25. коло во елитното клупско континентално натпреварување. Најпрво Црвена звезда потклекна пред своите гледачи во дуелот со Барселона (76:85), а потоа и Партизан на гостувањето кај Виртус во Болоња (88:84). На девет кола пред крајот на лигашкиот дел од сезоната, Партизан по поразот од Виртус (84:88) го губи чекорото за пласман во разигрувањето. „Црно-белите“ беа блиску до победа, на три минути пред крајот водеа со 77:71, но направија повеќе грешки и загубија добиениот натпревар. Во последните три минути Партизан прими 17 поени ! Ова се случи откако Партизан анулира 12 поени разлика, која Виртус ја имаше во третата четвртина. Херој на Виртус беше Ифе Лундберг кој при водство на Партизан од 81-79 постигна тројка за предност на неговиот тим. Во следниот напад Пантер не успеа да погоди и италијанскиот вицешампион го искористи тоа за да дојде до победата и да ја задржи третата позиција на табелата.

Партизан има скор од 12 победи и тринаесет порази, а Црвена звезда со 10 победи и 15 порази.

Резултати од вечерашните одиграни натпреаври:
Анадолу Ефес – Олимпија Милано 79:73, Жалгирис – Панатинаикос 80:68, Црвена звезда – Барселона 76:85, Монако – Фенербахче 76:69, Виртус – Партизан 88:84.

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига