Утрински Весник
Спорт

Партизан во дебаклот што му го нанесе на МЗТ Скопје урна и два рекорда

Партизан во дебаклот што му го нанесе на МЗТ Скопје урна и два рекорда

Евролигашот Партизан го декласира МЗТ Скопје Аеродром со 120:67 и му го нанесе еден од најголемите порази во клупската историја. МЗТ дојде во лоша форма, обесхрабрен од последните резултати, а згора на тоа се повреди и новиот играч Деандре Кук. Партизан одигра максимално сериозно и затоа собори два рекорда во АБА лигата.

dobivaj vesti na viber

Едната се однесува на клупската статистика. „Црно-белите“ до мечот со МЗТ постигнаа 117 поени, најмногу на еден натпревар. Тоа беше пред четири години против Игокеа. Синоќа тимот на Жељко Обрадовиќ постави нов рекорд за Партизан по бројот на поени на натпревар од АБА лига, кој сега изнесува 120.

Вториот рекорд се однесува на процентот на шут. Партизан погоди 41/55 што е 74,5 отсто. Претходниот рекорд во АБА лигата во оваа категорија го држеше Цибона. Рекордот е стар 20 години. Тогаш „цибосите“ шутираа 34/46, односно процентот беше само нешто помал од 74.

Партизан беше блиску до соборување на рекордот во АБА лигата и по остварената кош-разлика. Токму Партизан го држи рекордот поставен минатата сезона кога против Сплит триумфираше со 60 поени разлика.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами