Утрински Весник
Свет

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци

Grenland 1.webp.webp

Политичките партии во Гренланд покажаа единство како одговор на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп за данската територија, објави ДПА.

„Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци, сакаме да бидеме Гренландци“, се вели во заедничка изјава потпишана од петте партии во локалниот парламент на Гренланд, Инатсисартута.

Политичките сили ги повикаа САД да го прекинат својот „презирен став кон нашата земја (Гренланд)“ и нагласија дека „за иднината на Гренланд мора да одлучи народот на Гренланд“.

Трамп ги потврди своите тврдења за Гренланд синоќа, велејќи дека САД мора да дејствуваат за да спречат Кина или Русија да ја преземат контролата врз стратешки важниот арктички остров.

Републиканецот постојано повторува дека сака да го стави островот, кој му припаѓа на сојузникот на НАТО, Данска, под контрола на САД поради неговата „стратешка важност“ и она што тој го нарекува растечко присуство на руски и кинески бродови во регионот.

Данската влада категорично ги отфрли тврдењата на Трамп. Данската премиерка Мете Фредериксен предупреди дека американскиот напад врз Гренланд би значел крај на НАТО и на глобалната безбедносна архитектура воспоставена по Втората светска војна. 

Можете да прочитате

Орбан: Глобална трансформација е пред нас

Автобус со речиси 50 луѓе се запали на автопат во Романија

Икс го промени емоџито за иранското знаме во знаме на поранешната иранска монархија