Утрински Весник
Македонија

Партијата на Меџити го поддржa протестот за модуларната болница во Тетово

Партијата на Меџити го поддржa протестот за модуларната болница во Тетово

Новата партијата на Изет Меџити, Демократското движење ја информира пошироката јавност дека го поддржува протестот најавен за среда за модуларната болница во Тетово.

dobivaj vesti na viber

„Го поддржуваме протестот против одлуките на основниот суд во Тетово, против скандалозните одлуки кон одговорните за смртта на 14 пациенти во Модуларната болница во Тетово пред 2 години, трагедија во која живи изгореа пациенти“, велат од партијата.

Го повикаа своите симпатизери да застанат рамо до рамо со демонстрантите, организирани од граѓански здруженија, револтирани од одлуките на судството во земјава.

Протестoт ќе се одржи утре во 12 часот пред Основниот суд во Тетово.

Можете да прочитате

Со василичарско оро и палење на маските заврши Вевчанскиот карневал

Техничка влада и европските реформи како индикатори на политички легитимитет или институционална криза т.е. добра можност за (предвремени) избори во Македонија

Мицкоски: Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада сме согласни да се укине