Утрински Весник
Македонија

Партија на пензионери: Провизиите за основните банкарски услуги се највисоки во регионот

Bankomat.jpg

Партијата на пензионери, преку соопштение до медиумите изразува огромна загриженост и воедно им укажува на банките за високите надоместоци и провизии за основните банкарски услуги, кои се дефинитивно највисоки во регионот.

„Токму затоа Партијата на пензионери апелира до Владата и Собранието за донесување на закон за олеснување на граѓаните на пристап до основните банкарски услуги, односно ослободување на граѓаните од плаќање провизии за основните банкарски услуги, како што се помеѓу другите и плаќање на сметки за комунални услуги“, се вели во соопштението.


Целта е да се овозможи на сите граѓани, а особено на пензионерите и сите други ранливи категории, пристап до основните финасиски услуги без дополнителни трошоци. Тоа значи банките повеќе да не смеат да наплаќаат провизии за основните услуги ако корисникот прима плата, пензија или други редовни примања на својата сметка. Тоа значи дека пензионерите и другите ранливи категории ќе можат без провизија да подигаат готовина на шалтерите и банкоматите на сите банки.

„Напоменуваме дека во некои земји во регионот банките не наплаќаат надоместоци за отворање, затварање, одржување на платежните сметки, како и за други основни банкарски услуги“, велат од Партијата на пензионери.

Можете да прочитате

„Луке, собери си ги кучињата!“ – Арсовска во жесток судир со советниците на Град Скопје

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија одбележува 80 години од озаконувањето на македонскиот правопис

Гевгелија – домаќин на Друштвото на новосадски книжевници со промоција на меѓународната антологија „Нов духовен мост“