Утрински Весник
Свет

Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол

20241210142844 Big 730x400 70.webp.webp

Парламентот на Јужна Кореја денеска во вториот обид му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол, поради неговата неодамнешна одлука за воведување воена состојба во земјата.

Предлогот за импичмент беше поддржан со тајно гласање од 204 пратеници во 300 члениот јужнокорески парламент.


Тоа значи дека  Јун Сук-Јеол веднаш ќе биде суспендиран од функцијата, а премиерот ќе стане вршител на должноста, пренесува агенцијата Јонхап.

Првата иницијатива за импичмент против Јун Сук-Јеол, за прогласувањето воена состојба на 3 декември, беше отфрлена минатата сабота поради немање кворум, кога речиси сите пратеници од владејачката Партија на народна моќ (ППП) го бојкотираа гласањето.

За усвојување на предлогот беше потребно двотретинско мнозинство, за што беше неопходна поддршка од најмалку осум пратеници од ППП.

Можете да прочитате

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток

Велика Британија планира инвестиции од над 100 милијарди евра во наука, иновации и одбрана до 2030 година