Утрински Весник
Свет

Париски суд осуди 10 лица за онлајн навреди кон Брижит Макрон

Brizit makron lorens koja ima isto e1767633505746.jpg

Париски суд прогласи за виновни 10 лица за онлајн вознемирување на француската прва дама, Брижит Макрон, поради објавување и споделување лажни и навредливи тврдења дека таа е родена како маж. Осум мажи и две жени, на возраст од 41 до 60 години, меѓу кои наставник по спорт, сопственик на уметничка галерија и публицист, добија казни од задолжителна едукација до осуммесечна условна затворска казна. Некои од нив добија и забрана за користење на социјалните мрежи на кои ги објавувале спорните содржини.

Судот утврди дека обвинетите ширеле навредливи тврдења за полот и сексуалноста на Брижит Макрон, како и споредби со педофилија во контекст на разликата во години со нејзиниот сопруг, претседателот Емануел Макрон. Ќерката на Брижит, адвокатката Типен Аузиер, сведочеше дека овие напади сериозно го нарушиле животот и здравјето на нејзината мајка: „Не поминува ден или недела без некој да ѝ зборува за ова. Најтешки се последиците врз семејството нејзините внуци слушаат навреди и лаги. Таа не е избрана функционерка и никогаш не побарала ваков јавен третман, а сепак е постојано мета на напади“, изјави Аузиер.

Можете да прочитате

Иранска гарда: Имаме целосна контрола на Ормутскиот теснец

Американски адмирал: Потопивме 17 ирански бродови и една подморница

Иран: Сè уште не сме го употребиле „целото наше напредно оружје“