Утрински Весник
Македонија

Пари и дрога пронајдени кај скопјанец

Пари и дрога пронајдени кај скопјанец

Денеска во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом на Д.Д. (32) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

При претресот биле пронајдени 30 кесички со марихуана и 6 кесички со бела прашкаста материја, како и поголема количина на пари.

Лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица и против него, по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка до надлежното обвинителство, соопштија надлежните.

Можете да прочитате

Грозданова: Четири сомнителни случаи кај деца во Хрватска ја запреа БСЖ вакцинацијата во Македонија

Алармантни бројки за туберкулозата во Македонија – 95 возрасни пациенти и три деца во болница

Мицкоски: Владата е избрана со мандат од четири години, но можни се предвремени избори