Утрински Весник
Македонија

Парчиња бетон висат од надвозник кај Визбегово

Парчиња бетон висат од надвозник кај Визбегово

Можната нестабилност на мостот надвозник кај Визбегово Скопско, како и парчиња бетон што висат од него претставуваат опасност за луѓето и возилата коишто се движат по него, но уште повеќе за тие што се движат под него.

dobivaj vesti na viber

Центарот за управување со кризи во неколку наврати побарал интервенција од потенцијално надлежните институции, но опасноста се’ уште не е отстранета.

„Денеска повторно јавно ги повикавме надлежните институции но и медиумите и граѓаните. Институциите да реагираат, медиумите дополнително да истражат и информираат, а граѓаните да пријават било каква опасност на бројот 112“, се наведува во соопштението на ЦУК.

 

Безбедноста на граѓаните секогаш е на прво место, велат од Центарот за управување со кризи.

 

Можете да прочитате

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

Oдземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско- косовската граница

Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења кон инспектори во Куклица