Утрински Весник
Свет

Папата Лав Четиринаесетти официјално го презеде епископскиот престол во Рим

20250526073137 big 730x400 46.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Папата Лав Четиринаесетти,  вчера ги заврши последните церемонијални чекори по неговото устоличување на римскиот епископски престол.

Првиот папа од САД формално го презеде управувањето со базиликата „Св. Јован Латерански“ (Сан Џовани ин Латерано), која е катедрален храм на Рим и седиште на епархијата, со вечерна литургија во присуство на римски свештеници и верници.


Потоа, со папамобилот, Лав ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што се помоли на гробот на својот претходник Франциск и пред иконата на Дева Марија.

Во обраќањето до верниците од Рим, папата рече дека сака да ги слуша, „за да учи, да разбере и да ги решава работите заедно“.

Една од многуте титули на Лав Четиринаесетти, кои ги доби со изборот за папа на 8 мај, е онаа на епископ на Рим. Поради многубројните обврски како духовен водач на 1,4 милијарди католици, папата го доверува тековното управување со римската епархија на викар.

Лав Четиринаесетти беше пречекан на скалите на градското собрание на Рим од градоначалникот Роберто Гуалтиери. Од своја страна, папата го цитираше св. Августин, велејќи: „Со вас сум христијанин, а за вас – епископ“. „Денеска можам да кажам дека за вас и со вас сум римјанин“, додаде Лав Четиринаесетти.

Можете да прочитате

Бурата Јоханес ја погоди Шведска

Силен земјотрес го стресе Тајван

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД