Утрински Весник
Свет

Папата изрази солидарност со нападнатата католичка заедница во Истанбул

Papa francisk.jpg

Папата Франциск изрази солидарност со католичката заедница во Истанбул, која денеска беше цел на напад.

Едно лице, државјанин на Турција, загина во нападот на италијанската црква „Санта Марија Драперис“ во централниот дел на турската метропола. Нападот го извршиле двајца маскирани вооружени лица кои потоа побегнале.

„Ја изразувам мојата блискост со конгрегацијата на црквата ‘Санта Марија Драперис’ во Истанбул, која за време на мисата беше цел на напад во кој едно лице загина, а неколку беа ранети“, рече Папата по завршувањето на традиционалната неделна молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани во меѓувреме остро го осуди нападот и изрази сочувство до семејството на жртвата

Можете да прочитате

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција