Утрински Весник
Свет

Папата Франциск за прв пат се појави во јавноста по излегувањето од болница

20250406125118 big 730x400 94.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Папата Франциск, кој се опоравува од долгиот престој во болница каде што се лекуваше од двојна пневмонија, им приреди изненадување на 20.000 верници на плоштадот Свети Петар во Рим денеска со тоа што се појави во инвалидска количка на крајот од мисата за болните.

-Прекрасна недела на сите. Ви благодарам, рече Франциск.


Мисата за болните беше дел од јубилејната 2025 година. Мисата ја водеше архиепископот Рино Физикела. За време на богослужбата беше прочитана проповед од папата.

Франциск беше отпуштен од болницата Гемели пред две недели по престој од 38 дена.

Ватикан во петокот извести дека неговото здравје се подобрува

Можете да прочитате

Полицијата на Корзика уби маж кој се заканувал со нож

Брз патнички воз уби седум слонови на пруга во Индија

Либан: Првата фаза од разоружувањето на Хезболах завршува за „неколку дена“