Утрински Весник
Свет

Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви

Papa Francisk 1.jpg

Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.

„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство.


Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството кое сите сакаме да се случи“, порача папата.

Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден“, рече папата Франциск.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја погоди Турција, граѓаните известија дека бил добро почувствуван

Нетанјаху: Израелското обвинителство ја излудува земјата со бесмислените обвинувања против мене

Папата Франциско: Католичката црква за заеднички датум за Велигден