Утрински Весник
Свет

Папата Франциск: Црквата мора да има нулта толеранција за сексуална злоупотреба

Папата Франциск: Црквата мора да има нулта толеранција за сексуална злоупотреба
Dik 300x250 mk

„Католичката црква мора да ги третира случаите на сексуална злоупотреба со „нулта толеранција“, рече папата Франциск, опишувајќи ги како „монструозни“, во интервју за португалски телевизиски канал.

dobivaj vesti na viber

„Тоа е многу јасно. Нула толеранција. Свештеникот не може да продолжи да биде свештеник ако е агресор. Не може затоа што е или болен или криминалец“ – рече Папата во интервју за „TVI/CNN Portugal“.

„Тоа е монструозно, бидејќи уништува животи“, додаде тој.

Независната комисија, чија работа започна на почетокот на годината, треба да ги истражи случаите на сексуална злоупотреба во црквата во Португалија, земја со силна католичка традиција.

Таа комисија, создадена на иницијатива на Црквата, веќе има собрано околу 400 сведоштва, од кои 17 се предадени на судството.

Папата посочи дека има намера да ја посети Португалија за време на следниот Светски ден на младите, глобален состанок на младите католици што ќе се одржи од 1 до 6 август 2023 година.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците