Утрински Весник
Свет

Папата: Без решение за две држави, вистинскиот мир во Газа е далеку

Papa 1.jpg

Папата Франциск денеска изјави дека итно е потребен глобален прекин на огнот, и дека без имплементација на решение за две држави, нема да има мир во Појасот Газа.

-Имаше договор од Осло, многу јасен, со решение за две држави. Се додека тој договор не се спроведе, вистинскиот мир останува далеку – рече Папата во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“.

Зборувајќи за многуте тековни конфликти ширум светот, папата повика на молитви за мир и посочи на дијалогот како единствен начин за „веднаш да се запрат бомбите и проектилите и да се стави крај на непријателските ставови насекаде“.

Можете да прочитате

Норвешка планира следната година да донира над 9 милијарди долари за Украина

Зеленски: Путин планира да регрутира 300.000 војници од периферијата по изборите

Зеленски не дава избори додека трае војната