Утрински Весник
Македонија

Пановски предупредува: Ако не се исчисти ѓубрето, Скопје го чека наезда од 10.000 стаорци

Panovski.jpg
Dik 300x250 mk

Проблемот со несобраниот смет во Скопје не е само естетски и технички, туку претставува сериозен здравствен ризик за граѓаните, предупредуваат експертите. Контејнерите преполни со отпад станаа извор на храна за глуците и стаорците, што создава идеални услови за нивно брзо размножување, јавува Телма.

Микробиологот д-р Никола Пановски за Телма изјави дека, доколку надлежните не реагираат итно, ситуацијата може да излезе од контрола.


„Ужас, ова го немало ни во најцрните сценарија од учебниците што ги гледавме како студенти – тоа било 16-17 век кога не можело да се собере ѓубрето. Голема среќа е што времето е релативно ладно. Замислете да беше 37 степени – идеално за бактериите и мувите кои пренесуваат разни цревни заболувања, бактерии и вируси,“ предупреди Пановски.

Тој додава дека глодарите лесно можат да навлезат во домовите, особено во неурбанизирани делови од градот каде што има изобилство на отпад и остатоци од храна.

„Ако чекаме втор круг на избори, па жалби и одлуки, ќе дојде 10 ноември. За тие 20 дена стаорците може да се размножат толку брзо што за еден месец може да има дури 10.000. Тие сега ќе имаат храна, ќе останат на ѓубриштево ако не се превземат превентивни мерки. Ако не се исчисти градот, кога конечно ќе се собере ѓубрето, тие ќе немаат храна и ќе навлегуваат по домовите, кујните и шпајзовите,“ предупреди Пановски.

Лекарите апелираат на итна реакција од надлежните служби, бидејќи одложувањето на чистењето на градот може да доведе до сериозна здравствена криза и ризик од ширење на зарази.

Можете да прочитате

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова ја освои меѓународната филмска награда за човекови права на Нирнберг

Средба Мицкоски – Страмер: Разговарано за продлабочување на билатералната соработка

Мицкоски во Лондон се сретна со Пленковиќ и со Одил Рено-Басо