Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Париз

20250613125319 big 730x400 85.webp.webp

Петтиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, ќе го пропушти Мастерсот во Париз.

– Имам прекрасни спомени и големи успеси низ годините, особено седумте титули. Се надевам дека ќе се видиме следната година. Ви благодарам, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.


Триесет и осумгодишниот Србин ќе биде заменет во главната жрепка од Французинот Бенџамин Бонци.

Ѓоковиќ е седумкратен шампион на Мастерсот во Париз.

Турнирот ќе се одржи од 27 октомври до 2 ноември.

Можете да прочитате

Меси донираше 80.000 евра за обнова на опожарениот регион Мадрид

Скопје и Гевгелија од четврток домаќини на ЕП за кошаркари до 16 години

Успешен старт на Ѓорческа во Лајпциг