Утрински Весник
Македонија

Панел-дискусии на ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на конвенцијата за кандидатурата за претседател на Силјановска-Давкова

20240302123423 big 730x400 75.webp.webp

„Претседател на народот, заштитник на сувереноста, Уставот и законите“  е насловена една од двете панел-дискусии што ги одржува ВМРО-ДПМНЕ пред почетокот на конвенцијата за избор на кандидат за претседател на државата, од 13 часот, на која ќе биде промовирана кандидатурата за претседател на државата на Гордана Силјановска-Давкова. Професорката на Правниот факултет на УКИМ и член на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е единствена која се пријавила на повикот на партијата за оваа функција. 

Потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски на панел-дискусијата рече дека на денешната конвенција „ќе се понуди надеж и претседател кој ќе биде лидер на нацијата“.

Според него, треба да се избере активен претседател на државата кој ќе се грижи за македонските национални малцинства кои живеат надвор од државата, односно, како што рече, „не само претседател кој зборува за проблемите, туку претседател којшто помага и нуди решенија“.

Можете да прочитате

Спроведени 617 вонредни контроли пред Велигден, уништени 1 740 килограми небезбедна храна

Нема подолги задржувања на граничните премини

Медитерански циклон ни носи многу дожд и локално невреме!