Утрински Весник
Македонија

Панел дискусија во Скопје посветена на политичкото рекламирање и интегритетот на изборите

20240402173510 Big 730x400 97.webp.webp

Панел-дискусија „Верификацијата на изворите и информациите во борбата против дезинформациите и медиумските манипулации“ ќе се одржи денеска во Скопје во рамки на проектот „Проверка на факти пред објавување во борбата против дезинформациите“, поддржан од Амбасадата на САД.

На панел-дискусијата, како што соопштуваат од Центарот за развој на медиуми, ќе биде претставен „Прирачникот за верификација на дезинформации и медиумски манипулации“, издание на Европскиот новинарски центар (European Journalism Centre). Преводот на прирачникот, на македонски и на албански јазик, беше подготвен во рамки на овој проект.

Говорниците на панел-дискусијата, искусни новинари и практичари во областа на проверката на факти и раскринкување на дезинформациите, ќе говорат за различни аспекти на верификацијата на информациите и проверката на фактите, како и за улогата на мејнстрим медиумите во борбата против дезинформациите.

Можете да прочитате

Спасен турски палаглајдерист што принудно слетал на карпестиот дел на Галичица

Мама Вероника моли за помош за нејзиното предвреме родено бебе

Се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје