Агенцијата за млади и спорт денеска во Скопје организира панел дискусија на тема „Инвестиции во спортот за нови спортски успеси “.
На панел дискусијата, како што е најавено, ќе учествуваат и ќе се обратат, Наумче Мојсоски, директор на Агенцијата за млади и спорт, Александра Војневска, претседателка на Атлетската федерација, Панче Милевски, советник за спорт во Владата на РСМ, Викторија Аврамовска – Мадиќ, заменик-министерка за правда и Димитар Ковачевски, поранешен претседател на Владата на Република Северна Македонија и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
-На панел дискусијата ќе се разговара за повеќе теми од областа на спортот, како што се моменталната состојба во спортот, сегашните и идните мерки за развој на спортот и за поддршка на спортистите, родова еднаквост и застапеноста на жените во спортот, како и за законските регулативи кои се однесауваат на спортот, стои во соопштението.