Утрински Весник
Македонија

Пандов: Да се провери колку случаи се досудени како претходниот на Васил, сомнежот е огромен ако нема

1000046761 960x640 1.jpg
Dik 300x250 mk

Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, во „Наткаст“ на Курир со Љупчо Цветановски, како правник ја коментираше одлуката на судијката Даниела Алексовска-Стојановска која за Васил Јованов, пресудила воспитно поправна мерка – упатување во поправен дом за малолетници за поседување и продажба на наркотички средства.

Тој се осврна и на објавите во јавноста во кои се вели дека мајката на Васил и сопругот на судијката биле колеги.
Нека проверат новинарите, колку случаи како оваа судијка што има досудено на Васил има, каква е судската пракса. Јас ќе кажам, нема. Ако е тоа така, сомнежот е огромен, и кај мене и кај секој здраворазумен чиовек дека има некој друга позадина да се донесе таква пресуда, посочува Пандов.


Васил Јованов ја прегази Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје и се товари дека тоа го сторил со умисла затоа што возел без возачка дозвола, поминувајќи на црвено светло и под дејство на алкохол.

Можете да прочитате

Молотов коктел фрлен во двор во Кичево

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Обилни врнежи и можно локално невреме

Хорор во Дебарско: Киднапирана жена однесена во Струга и брутално силувана