Утрински Весник
Спорт

Пандев замина во пензија

Пандев замина во пензија

Македонската легенда, Горан Пандев, во интервју за „Газета дело Спорт“, изјави дека ја завршил професионалната кариера. 39. годишниот Пандев, во фудбалска пензија замина како фудбалер на Парма. Најголем дел од импресивната кариера ја мина во Италија, исклучок е сезоната 2014/2015 која ја мина во Галатасарај. Започна во Беласица, потоа играше во Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи и Џенова.

dobivaj vesti na viber

Пандев има намера да остане во фудбалот, како што вели како спортски директор или менаџер.

„Се гледам себе си како спортски директор или како менаџер. Сакам да работам со деца, да им помагам, да разговарам со нив, да гледам младински фудбал. И би сакал на сите да им се заблагодарам – фала ви за сѐ. На сите навивачи, на претседателите, на тренерите низ кариерата. Сите тие му дадоа нешто и јас ништо од тоа нема да заборавам“, вели Пандев во интервјуто за „Газета дело Спорт“.

Пандев во кариерата одигра 549 натпревари, постигна 112 голови. Сезоната 2009/2010 е најдобра во неговата кариера. Со Интер ја освои „триплета“. За Македонија играше две децении, рекордер е според бројот на настапи (122) и постигнати голови (38).

Можете да прочитате

Тренерот на Лестер доби отказ поради ceкс со фудбалерка!

Од елиминацијата на Алкараз во Мајами ќе профитира Ѓоковиќ на АТП-листата

Герасимовски: Конечно Работнички се враќа на шампионските патеки