Утрински Весник
Спорт

Пандев: ФФМ стана приватна федерација, нешто мора да се менува

Пандев: ФФМ стана приватна федерација, нешто мора да се менува

Македонскиот рекордер (122 настапи, 38 голови), Горан Пандев, пред 10 дена објави дека заминува во пензија. Повлекувањето на легендарниот македонски фудбалер не доби внимание од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

dobivaj vesti na viber

Човекот кој повеќе од две децении го носеше дресот на националниот грб, во првото интервју по повлекувањето, не кри дека е разочаран од челниците на мак-фудбалот.

„Луѓето ја препознаваат мојата вредност, иако има и такви кои ја игнорираат Се надевам дека добро ја претставував Македонија и на сите им благодарам што ме поддржуваа. ФФМ стана приватна фудбалска федерација и мислам дека ако нешто набргу не се промени, не само што нема да напредуваме како репрезентација туку и ќе назадуваме“, изјави Пандев во „Студио 10“ на ТВ24.

Поранешниот фудбалер на Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма, вели дека политиката има големо влијание во македонскиот фудбал.

„Јас не сакам да се мешам во политички работи, а кај нас во Македонија во сѐ има политика. Веројатно затоа играчите и заминуваат. Но, таа атмосфера ја создава ФФМ. Сите го знаат тоа, но никој не сака да излезе и јавно да го каже тоа. Потребни ни се луѓе кои сакаат да успеат во спортот“, дополнува Пандев.

Комплетното интервју на Пандев.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина